25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СЈО ќе ја продолжи борбата против мафијата – Не само што нема да згасне, туку ќе добие и нов В.Д. обвинител

Апсењето на шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева не ја попречува работата на ова обвинителство, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, бидејќи соглансо законот, се’ уште трае мандатот на СЈО.

-Доколку јавниот обвинител, со кое раководи е спречен да ја врши работата, тогаш Советот на јавни обвинители же го констатира тоа и веднаш да определи од редот на обвинители од ова Јавно обвинителство еден обвинител, кој ќе раководи со тоа обвинителство. За тоа има законски основи, бидејќи во Законот за Специјалното јавно овинителство во Завршните одредби има одредба која пропишува дека доколку одредени случаи не се поинаку регулирани се однесува Законот за јавно обвинителство. Во Законот за јавно обвинителство постои одредба по која Советот на јавни обвинители е надлежен да определи вршител на должност, рече Јовески, според кого доказите се несоборливи.

Јовески рече дека јавните обвинители немаат имунитет.

Инаку, СЈО има 12 обвинители со шефицата Јанева. Дали заменикот на Јанева ќе се избира од нејзините заменички Ленче Ристоска и Елизабета Јосифоска или од останатите седуммина, ќе одлучува Советот на јавни обвинители.