Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата.

До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и Рашче дојде вчера, при што била зафатена нискостеблеста шума. Околу 21.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Вчера напладне во Полициското одделение Сарај било пријавено дека избувнал пожар кај селото Кондово. Во пожарот била зафатена борова шума. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦАЈЦИ УАПСЕНИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО ЗЛАТАРНИЦАТА ВО ГОСТИВАР: Се трага и по други лица, ова се деталите

ДЕСК

Апсења во врска со милионскиот грабеж на златарницата во Гостивар

ДЕСК

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +