Полицијата привела двајца скопјани поради кражба. Како што информира МВР, на 15 август во 14,00 часот во Полициската станица Аеродром биле лишени од слобода лицата Е.Б.(30) и С.Д.(24), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“.