Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови. Тој е син на актерот Хенри Фонда, брат на актерката Џејн Фонда и татко на актерката Бриџит Фонда.
Во 1969 година, тој стана продуцент и коактер со Денис Хопер и Џек Николсон во филмот, кој стана култен и се здоби со меѓународна слава со својата премиера во 1969 година – ,,Голи во седло” (Easy Rider).Филмот го направи Фонда идол на хипи-движењето и херој на новиот Холивуд. Со екипа која ја сочинуваа и Денис Хопер и Џек Николсон, филмот уриваше рекорди во кино-салите.
Фонда зад себе остави стотици други филмски остварувања. Неговиот последен филм – критика на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците, треба да биде прикажан годинава.