23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Катица во вторник на распит пред Русковска

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ во вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Сител.

Јанева ќе сведочи откако во видеата на италијанскиот Ла Верита се слушна нејзиниот глас, како му вели на Орце Камчев „се ќе биде добро” за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.

Денеска пак на распит е обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, а досега сведочеа Лиле Стефанова и Обвинителката Елизабета Јосифовска.

Вчера пак во својство на сведок во обвинителството беше повикана и шефицата на кабинетот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Можеби ќе ве интересира

Какво ќе биде времето – Синоптичарите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста

C +

ДУИ: ВМРО, СДСМ и ВРЕДИ против Албанците – срамна одлука на ДИК, намален бројот на советници

C +