16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АХВ: ВМРО-ДПМНЕ како шпанска серија, без крај ја дезинформира јавноста за антраксот

ВМРО-ДПМНЕ со денови, во стилот на шпанска серија без крај, ја дезинформира јавноста и пласира невистини во однос на болеста антракс. Вакцинацијата против оваа болест која се спроведува секоја година е веќе реализирана од страна на некои ветеринарни друштва, а добитокот во 22 дистрикта не е оставен невакциниран, реагира АХВ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски.

АХВ ги отрфли како неосновани обвинувањата на Трипуновски кој рече дека четири месеци немало вакцинација за антракс па 22-те подрачја низ земјата каде болеста е детектирана, останале без превентива.

-Не постои законски дефиниран рок во рамки на една календарска година за спроведување вакцинација против антракс од страна на ветеринарните друштва со кои Агенцијата за храна и ветеринарство има склучено договори за спроведување на Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Тоа е работа на договор меѓу нив и сточарите, а ова треба да го знае ВМРО-ДПМНЕ која со Агенцијата за храна и ветеринарство раководеше цели 11 години, наведува АХВ.

Според Агенцијата, Трипуновски или неговиот брифер во изминатите 11 години требаше да научат дека зависно од производителот, имунитетот на вакцината е најмалку една година и повеќе.

-За жал, не научиле ниту дека Агенцијата за храна и ветеринарство согласно законите нема обврска да ја известува јавноста за појавата на болеста, туку веднаш, навремено да ги преземе сите мерки за заштита на добитокот и на населението. А тоа е сторено, децидни се од АХВ.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК