Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Богородица се чека по половина час за излез од земјава

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека забележана е зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командантот на Националната гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.