24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Oбјавена третата книга од стрип-серијалот за Итар Пејо

Македонскиот стрип-центар со седиште во Велес ја објави третата книга од стрип-серијалот наменет за познатиот народен јунак Итар Пејо. Со издавање на книгата завршува материјалот на македонски автор Диме Иванов – Димано наменет за овој итроманец.

Диме Илиев – Димано е знаменит стрип-автор, еден од добитниците на признанието „Љупчо Филипов“, кое се доделува на заслужни лица за развој и афирмација на македонскиот стрип. Тој црта уште од 1971 година, а ги користи и „реалистичкиот” и „карикатуралниот стил на цртање“.

Според тимот на СЦМ, преку овој проект стрипот уште еднаш се афирмира како погодно средство за ширење на историските и културолошки особености на определен етникум. СЦМ Велес и во иднина ќе подготвува стрипови кои ќе се занимаваат со етничкото и културно потекло на етникумите коишто живеат во земјава, на нивен јазик и превод на македонски јазик.