25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анализа: Последната снимка покажа дека премиерот Зоран Заев нема никаква поврзаност со случајот “Рекет”

Последната снимка потврдува дека Заев нема ама баш никаква поврзаност, тој го пријави случајот и тој е борецот за правда, затоа кон него се насочени “хиените”.

Од последната објавена снимка се слуша еден дел од разговорот каде велат дека Блажо правел контрола на парите, а бил наводно блозок на Зоран Заев.

Блажо е човек од врвна институција за вакви случаи и тој правел контроли што е уште една потврда дека Владата преку своите институции контролирала, спроведувала закон и никако не е вмешан во овој случај.

Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека крајната цел на овие снимки е токму тој да се дискредитира.

Премиерот го пријави случајот во надлежната институција, секојдневно повикува да се расчисти до крај случајот, секој да одговара.

Сега е време да се забрза истрагата за се да излезе на површина со цел осомнчените во серијата корупциски предмети од време на режимот, од кои дел и самите се нарекуваат “хиени” конечно да одговараат за своите постапки. Правдата е на потег, веднаш и сега!