25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Бидете уверени дека на непријателите на нашата земја нема да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава и членството во НАТО

Македонскиот премиер Зоран Заев во денешното обраќање до нацијата преку социјалните мрежи излезе со барање истрагата да заврши што поскоро и сите инволвирани во случајот “Рекет” ако се огрешиле да одговараат.

Правдата е на потег рече Заев.

– Повикувам на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви, вели Заев.

Премиерот Зоран Заев во текстот објавен на фејсбук додаде и дека во изминативе повеќе од две години како премиер, сѐ што прави е само и единствено во корист и интерес на граѓаните на земјава.

– Бидете уверени дека на непријателите на нашата земја нема да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, заклучи премиерот Зоран Заев.