25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Затворени аптеки во Велес поради издавање лекови без рецепти

Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство изготви записници за затворање две аптеки во Велес поради незаконско работење со набавка и издавање на лекови. Во аптеките и во домот сопственост на В.Ј., бил извшрен претрес при што било констатирано дека издавале лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини.

При претресот се одземени предмети-докази во врска со овој случај. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.