Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гори на Осоговските Планини, ќе се вклучат и авионите во гаснење на пожарот

Пожарот во реонот на Кочани, поточно над село Бели, е сè уште активен, но со намален интензитет на горење, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

Екипи на национални шуми од Виница и Кочани, како и екипи на ТППЕ од Кочани и Виница наутро ќе дејствуваат координирано, а авионите од Дирекцијата за заштита и спасување ќе помагаат од воздух.

,,Очекуваме дека во претпладневните часови пожарот ќе биде локализиран и изгаснат. Опасност по население и материјални добра нема”, информира ДЗС.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК