23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Операциите врз деца во „Жан Митрев“ ќе продолжат и покрај отказот на Чадиковски

Од болницата „Жан Митрев“ и понатаму ќе продолжат да вршат интервенции врз бебиња и врз деца, и покрај отказот што вчера го поднесе единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава Владимир Чадиковски, кој заедно со тим од државната клиника премина да работи таму, по јавно-приватното партнерство што државата го воспостави со оваа болница.

„Клиниката ‘Жан Митрев’ пред дваесетина години го потпиша првиот договор со Фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хирургија. Оттогаш во континуитет се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции. Досега се третирани над 1000 вродени срцеви маани како кај возрасни, така и кај деца и бебиња. Моделот за детска кардиохирургија во склоп на клиниката тече без никаков застој. Пред само неколку денови успешно беше изведена една од најтешките и најкомплексни операции на срце кај новородени. Се прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели. Соработката со Министерството за здравство продолжува и понатаму“, се вели во соопштението на „Жан Митрев“.