Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Тешка сообраќајка кај Катланово, повредени неколку лица

Неколку лица, меѓу кои и деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево пред нaплатната рампа на патот Велес-Катланово, јавува 24 Инфо.

Повредените со возила на Итната помош се транспортираат во болниците, а полицијата врши увид.

Порталот според првични информации јавува дека во сообраќајката учествувале три автомобили и камион.

Камионот, кој пренесувал бостан, излетал од патот, но дали по судирот со автомобилите или за да ги избегне не е познато.

Можеби ќе ве интересира

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

ДЕСК