23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возачот на автобусот и четворица патници задржани во болница по несреќата на патот Велес – Штип

Возачот на автобусот и четворица патници, кои се потешко повредени, се задржани на лекување во велешката болница по синоќешната сообраќајна несреќа што се случи на патот Велес – Штип. При судирот на автобус со комбе загина 29-годишниот возач на товарното комби „крафтер фолксваген“ од Скопје.

Возачот на автобусот, со кратовски регистратски таблички, е тешко повреден, а лекарска помош побарале и 18 патници, од кои четворица се задржани во болница на понатамошно лекување.

Несреќата се случи околу 20 часот на магистралниот пат Велес – Штип пред клучката за Ново Село. За колку тешка и сериозна несреќа станува збор, укажува фактот што противпожарни екипи биле повикани на местото на несреќата за да ги извлекуваат повредените патници.

Повредените биле семејства со деца и патувале на одмор за Бугарија. Полицијата ги утврдува причините за несреќата.