Фејсбук статус на Александар Кирацовски, пратеник на СДСМ:
Додека во нашата Македонија се нижат успеси, правдата функционира и е неселективна, а токму денеска се промовираше почетокот на значајната земјоделска мерка “зелена нафта”, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан (Кики) Мицковски треба да даде одговор на значајни прашања од интерес на јавноста.
Зошто од цела Европа за посета ја одбра токму Будимпешта-Унгарија, градот каде престојува Груевски во период кога се решаваат битни прашања во државата?
Дали Христијан (Кики) Мицкоски отиде во Будимпешта на уште една консултација со својот шеф, криминалецот во бегство Никола Груевски?
Дали Мицкоски отиде кај Груевски да бара совети како да го спречи Законот за попис?
Отиде ли Микцоски кај Груевски да добие совети како да ја спречи правдата и уште посилно да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали Мицкоски отиде кај Груевски за овој да го подучи како да шири, лажни вести национализам и омраза меѓу граѓаните?
Дали Мицкоски од Груевски добил инструкции како да продолжи со деструкцијата и обидите да го закочи напредокот во интеграциите на државата кон ЕУ и НАТО?