23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Жените со дијабетес имаат поголеми шанси да родат мртво бебе

Жените со дијабетес имаат четири пати поголеми шанси да родат мртво бебе во споредба со оние кои немаат дијабетес, се вели во една нова студија.

Истражувачки тим од универзитетот во Глазгов ги проучувал лекарските картони за 4.000 мајки со дијабетес.

Тимот дошол до заклучокот дека високото ниво на шеќер кај бремените жени е ризик-фактор за мртвородено бебе.

Индексот на телесна маса (БМИ) кај жените со дијабетес исто така претставува критичен фактор.

„Како здравствени работници, многу е важно да изнајдеме подобри начини за поддршка на жените низ нивните плодни години и да им помогнеме да ја одржат оптималната тежина и нивото на шеќерот во крвта, така што кога тие ќе останат бремени, без оглед дали тоа ќе биде планирано или непланирано, тие ќе бидат подговени, а ризикот ќе биде помал“, вели д-р Шерон Мекин, која е дел од оваа студија.

„Важно е жените со дијабетес да бидат свесни за ова и да се консултираат со лекар пред зачнувањето, дури и во случај да не планираат веднаш да зачнат“.

„Жените со дијабетес мора да бидат во контакт во клиниката каде го третираат дијабетесот веднаш штом потврдат дека се бремени со цел да добијат целосна поддршка во текот на бременоста“, вели д-р Мекин.