24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Чистка во полицијата, почнува ветингот кој ќе го зајакне квалитетот и интегритетот на МВР

Секој оној кој нема да го помине ветингот во МВР, нема да биде дел од безбедносните служби. Ова го изјави министерот Спасовски откако предвидената мерка за проверка на вработените во МВР синоќа помина на владина седница.

Министерството нема проценка за тоа колку од кадарот не ги исполнува потребните услови.

Покрај исполнување на законските услови за вработените, ветингот има цел да ја прочисти полицијата од криминализирани и партизирани кадри, но и да го зајакне интегритетот на полициските службеници. Чесен полицаец кој има добро однесување и кој ќе ги има интересите на државата како приоритет. Ова е профилот на кадрите кои ќе треба да останат во МВР.

МВР најдоцна до 20 август треба да формира Работна група со задача да изготви Акциски план за спроведување на ветингот.

Проверката ќе се базира врз три столба. Вработувањето и кариерата на секој полициски службеник, имотната состојба, интегритетот и профресионалноста во извршувањето на работните задачи, a ќе се проверува и стручното образование.

МВР е прва државна институција која спроведува ваква мерка, а се очекува во иднина ветинг да има и во други јавни сектори.