Почнува инвестициски циклус од 5 милијарди евра, кој има цел да го забрза економскиот раст, најавуваат од владејачкиот СДСМ.
„Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница и над една милијарда евра за енергетика. Ќе се инвестира и во клучни капитални инвестиции, како ХЦ ‘Чебрен’, далноводот кон Албанија и гасоводот, нов клинички центар, а следуваат и инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава дека Владата предводена од СДСМ за само две години од држава со економија во минус 1,8 отсто БДП, со успешните економски политики постигнала раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на зацртаните мерки и политики што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните, истакнуваат од СДСМ.