22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Исланд е најскапата земја во Европа

На Исланд најчесто е студено, но може лесно да се ,,препотите” кога ќе ја добиете вашата сметка во хотел или во ресторан. Повеќето цени се многу повисоки од секоја друга земја во Европа.

На овој остров, цените се во просек 56 отсто повисоки отколку во другиот дел на Европа, што ја прави Исланд најскапа земја, пред Швајцарија, Норвешка и Данска, покажуваат податоците на Евростат.

За да ги избегне непријатните изненадувања, американскиот турист Квинт Џонсон направи мало истражување пред да дојде со семејството на една недела одмор во Исланд.

,,Многу бев изненаден гледајќи ги цените за обични работи како хамбургери, ореви и пиво”, изјави тој за АФП.

Погледот на менито во типичен исландски ресторан открива дека редовната пица чини околу 17,7 евра, чаша вино ќе биде најмалку 10 евра и мало пиво 6,8 евра.

,,Тоа е многу повеќе отколку што очекував”, вели Џонсон.

Но, не е скапо само во рестораните. Спакувани десет јајца во продавница чинат 4,7 евра.

Исланд каде живеат 355.000 жители, зависи од увозот на прехранбени производи, а царините за алкохол се многу високи. Ова е една од причините за високите цени.

Големите флуктуации на исландската круна во 2016 и 2017 година доведоа до општ пораст на цените.

Минатата година, просечната месечна плата изнесувала околу 4.500 евра. Според предвидувањата на централната банка, Исланд го чекаат потешки времиња. Економијата ќе стагнира оваа година, за прв пат по десет години.

Ова делумно се должи на колапсот на нискотарифната авиокомпанија WOW Aira на островот, што доведе до пад на туризмот. Инфлацијата, исто така, забрза во првиот квартал од оваа година, достигнувајќи 3,1 отсто, што ја намалува куповната моќ за сите.

Просечната месечна кирија за еднособен стан во центарот на Рејкјавик е околу 1.300 евра.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ: Дали линеарното зголемување од 1.000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата?

ДЕСК

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК