23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев на фејсбук соопшти добра вест: Скок за 25 места на Македонија на листата на глобалниот иновациски индекс

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Северна Македонија има сериозен напредок од 25 места нагоре на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година. Се наоѓаме на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година.

Глобалниот иновациски индекс ги рангира светски економии преку политичката и бизнис клима, законодавството, човечкиот капитал, инфраструктурата, софистицираноста на пазарот и др.

Во однос на бизнис климата, Северна Македонија е рангирана на 27-мо место, а во однос на онлајн креативноста на 45-то место од вкупно 129 рангирани земји. Ова е уште еден доказ дека економските политики на Владата ги даваат резултатите, а иновативноста е моторот што ја движи економијата напред.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +