Centar.mk
БИЗНИС

„Тесла“ претрпе загуба од 408 милиони долари во вториот квартал од годинава

Американската компанија „Тесла“ претрпе загуба од 408 милиони долари во вториот квартал од годинава и покрај испораката на рекорден број електрични возила.

Оваа загуба, сепак, е пониска од неочекувано големата загуба од 702 милиони долари во првиот квартал, но сугерира дека моделот 3 од оваа компанија сè уште не е доволно успешен да ја извлече компанијата од лошите деловни резултати.

И покрај загубата, компанијата успеа да генерира приходи од 6,3 милијарди долари, додека 117 милиони долари од загубите се припишуваат на трошоците за реструктуирање поврзани со отпуштањата и затворањето на некои продажни места.

Од „Тесла“, исто така, соопштија дека го завршиле кварталот со пет милијарди долари во готовина, што е најголема сум во историјата на компанијата и резултат пред сè на зголемувањето на капиталот од 2,7 милијарди долари во мај.

Во вториот квартал биле произведени околу 87 илјади автомобили и испорачани 95,2 илјади единици, што, според „Њујорк тајмс“ е зголемување на испораката од 50 отсто во споредба со претходниот квартал.

Компанијата, исто така, соопшти дека долгогодишниот шеф на технологија Ј.Б. Штраубел ќе ја напушти функцијата по 15 години.

Можеби ќе ве интересира

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

ДЕСК

Царина и Централен регистар: нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

ДЕСК

ССКМ :Ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при прва продажба на недвижности

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.