Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека од денеска граѓаните преку анкета ќе можат да предлагаат нови имиња за улиците, мостовите и плоштадите во главниот град.
– „Сметам дека најдостоинствен начин да го одбележиме овој ден е да изразиме почит кон жртвите на земјотресот и да изразиме благодарност кон градителите на Скопје. Во име на таа солидарност, Градот Скопје од утре објавува анкета за предлози на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти. Ве повикувам сите скопјани да дадете свои предлози и со тоа да дадете придонес во искажувањето благодарност на сите кои придонесоа во изградбата на Скопје“, рече синоќа градоначалникот Шилегов на одбележување 56. години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.