23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за тинејџер од Виница поради продажба на дрога

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 18-годишник од Виница порадисомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што информираат од МВР, на 13 ноември минатата година полицајци во Кочани извршиле претрес на жител на Виница и кај него пронашле марихуана, а тој им признал дека ја набавил од тинејџерот и негов сограѓанин.