Јајцата се најздравите намирници кои можете наутро да им ги подготвите на своите деца.
Кајгана или јајце на око наутро ќе ве држи сити речиси до ручек. Освен тоа, полни се со протеини, поради кои нема да имате потреба од дополнителни калории.
Истражувањата кои опфатиле прехранбени навики на 48 деца не постари од 10 години, покажале дека децата кои наутро јадат јајца, за ручек внесуваат 70 калории помалку од оние кои, на пример, доручкуваат овесна каша.
Нутриционистите кои го спровеле истражувањето не се изненадени од фактот што јајцата се покажале како најдобар избор за доручек за децата.