Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за контрола на брзина на движење на моторни возила, за санкционирање на возачи кои вршат неправилно престигнување.
Синоќа, во периодот од 23 до 5.00 часот, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 17 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 20 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи. Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози, велат од МВР.
Во периодот од 6 до 24 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози и 18 мандатни платни налози.
Вчера откриени биле и осум возачи кои вршат престигнување на недозволено место. На сите им се издадени прекршочни платни налози, а откриени се и 32 останати прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.
Во периодот од 10.00 до 14.00 часот на 19.07.2019 откриени се 61 прекршоци кои се соодветно санкционирани.