24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов “распали” по ВМРО ДПМНЕ: Смешно е што поставивте бандера и далновод среде автопат, а со тоа ја нарушувате безбедноста на автопатите

Костадин Костадинов од СДСМ, на денешната седница во Собранието, додаде дека смешно е да се збори за инфраструктурни проекти, автопати и регионални патишта , а да се оставаат бандери сред автопат и далноводи кои освен тоа што ја нарушуваат безбедноста на автопатите , туку и излегуваме смешни пред светот, а се со цел да се прикаже поголема реализација на проекти од страна на тогашната власт.

Денес , на оваа власт и останаа во наследство поправање и решавање на таквите проекти на опозицијата. Патот Штип –Радовиш 40 години не беше рехабилитиран и небезбеден за возење, а денес покрај тоа што го рехабилитиравме , правиме и експресен пат.
Патот Струмица-Берово е ревилитизиран , отвараме граничен премин Клепало со цел просгрес на тие општини. А истовремено се работи на 60 патни правци во државава.

Кога се зборува за евроинтеграциите Костадинов ги повика опозицијата заеднички да се вложат за подобра иднина на државата.
Со такви нерасчистени криминали ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане опозиција-заврши Костадинов.