25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски да каже дали се сретнал со еден од осомничените и дали зел пари

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста, обвини СДСМ.

„Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да ѝ одговори на јавноста, на граѓаните: Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?

Дали посегнал по парите на еден од осомничените?

Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори“ соопшти владејачката партија.