Фејсбук статус на Огнен Јаневски, уредник на ТВ 24:
Вака-така, има една голема разлика во изминатиот период, којашто не ја забележуваме, поради се’ што се случува останато околу нас. За разлика од претходно, сега сме научени на сосема друг тертип – секое прашање добива одговор, на скоро секоја реакција – има акција (од кои дел не ни се допаѓаат воопшто), има отворени прес-конференции на кои некој всушност одговара на прашањата на сите, па дури и на небулозните (не во суштината, туку во структурата нивна). Навратете се наназад на еднонасочноста. Навратете се наназад на незгодноста на прашањата, доколку се дозволеа.
Не бевме научени на сето тоа и јас, од зло не требало, се’ уште барам скриени намери зад секој позитивен пример, зашто човек и на јогурт ќе дува денес. И тоа е добро. Тешко, мачно, но, добро.
Разочарувањата во конкретни индивидуи, не треба да бидат генерализирано олицетворение на колективното. Тешко е, мачно е, изгорени сме многупати, но, надеж дека ќе биде можеби подобро се’ уште имаме. Впрочем, зошто се’ уште би седеле тука, доколку не е така? 🙂