24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Виктор Постолов маестрално отпеа голем хит на Владо Георгиев

Македонскиот пејач Виктор Постолов ја изненади јавноста со летен музички проект и преработка на големиот хит „Шта би пријатељи моји“ од Владо Георгиев.
Зад успешната реализација на овој проект, кој е само најава за серија нови проекти, стојат Виктор Постолов (вокал), Маријан Стоименов – Ѕика (аранжман на аудио) и Алек Тасевски (видео продукција), а во видеото се појавуваат и Ѓорги Петрушевски (гитара), Јордан Петрушевски (конги) и атрактивната манекенка Леа Ристиќ (модел во видеото)

Постолов е член на музичкиот состав „Театро Бенд“ со кои настапува ширум нашата земја, а за наредниот период планира да објави уште неколку нови проекти.