23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Александар Кирацовски со моќна порака на “фејсбук”: Чудно им е, опозицијата е збунета што власта не го штити криминалот и не ја гае корупцијата – туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се!

На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се, соопшти Александар Кирацовски, пратеник и екс-генерален секретар на СДСМ.

– Добро е што започна истрагата, за да се расчистат шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува!

На крајот, се излегува на виделина – сите злоупотреби, а одговорност ќе има.

И нема да има компромис! Правдата и законите мора подеднакво да гледаат кон секого!

И нема да дозволиме оваа афера и фамата околу истата ни за момент да ни го оттргни фокусот од ловот на деценискиот криминал, корупција и рекет од кои државата и ден-денешен се опоравува, порача во моќниот фејсбук статус социјалдемократот Кирацовски.