Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори.
Меѓу нив се и директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски.
Заев ќе предложи разрешување и на директорите на Македонија пат – Гајур Кадриу, на Здравствен дом Скопје- Злате Мемедовиќ, потоа на тројца членови на управниот одбор на МЕПСО Магдалена Чижбановска, Ненад Крстевски и Томи Божиновски, економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Ваљон Бела, на Државен архив – Кирил Петров и директорот на Агенцијата за лекови МАЛМЕД Ќамил Ибраими.
Ќе биде предложено разрешување и на директорката на Клиниката за детски болести- Катерина Ставриќ која веќе поднесе оставка, на директорот на Европкомпозит – Златко Граороски, на директорката на Драмски театар – Викторија Рангелова Петровска, на директорката на Завод за заштита на споменици на културата и музеј Охрид Елеонора Новаковска, на Заводот за рехабилитација Бања Банско – Стојанка Изова и на директорот на Агенција за странски инвестиции Вулнет Адеми…
На листата се и членот на надзорниот одбор на Развојна банка, Кирил Колемишевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз Вулнет Адеми, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани.
На листата за разрешување се и началникот на УКБ Горан Николовски и заменикот Ариф Асани.
„На некои ќе им понудиме друг соодветен ангажман. Од денеска почнува постапката пред Владата“, рече Заев.