Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бившиот режим и натаму зема свои жртви: Почина уште еден обвинет во „Змиско око“

Ване Цветанов, поранешениот директор на Агенцијата за спречување на перење пари и актуелен водач на здружението „Зелена лупа“ објави дека починал уште еден обвинет во аферата „Змиско око“ кој не го дочекал неговото повторно судење.

– „Чекајќи ја ветената правда, почина уште еден наш соборец.- Звонко Бојаровски од Тетово, притваран, суден и психички малтертиран во случајот “Змиско око”. Случајот Змиско око е базиран на вештачење од вештак во 2007-ма година, а вештакот добил лиценца во 2010-та година. Што значи незаконско и непрофесионално вештачење”, напиша тој, пренесе Фактор.

Додава дека случајот Змиско око сеуште се влече по судови, веќе 12 години, а Звонко е четврта жртва од овој случај кој што почина чекајќи ја ветената правда.

Цветанов додаде дека „боли тоа кога слуги на поранешниот режим добиваат ослободителни одлуки, а ветената правда за жртвите е блокирана и се чува во фиоки“.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

ДЕСК

Топлотниот бран на врвот: Температури до 43 степени денес, но потоа доаѓа голема промена

ДЕСК

Денес е Летен Аранѓеловден: Ден за нови почетоци

ДЕСК