Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Пеколно топло време, па значителен пад на температурите со невреме: Детална метео прогноза за следните денови

И денес ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во северните делови.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот.

Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. Од четврток времето ќе биде стабилно, но посвежо.

Прогноза за 09.07.2019
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 28°С до 37°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 10.07.2019
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 31°C
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот. Ќе дува засилен западен, а доцна попладне северозападен ветер, што ќе услови значително намалување на температурата. УВ=7

Прогноза за 11.07.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево со мала облачност, ветровито и посвежо. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. УВ=8