Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Единствениот пат по кој ќе оди криминалецот Груевски е патот до казнено-поправна установа

Се јави криминалецот во бегство Никола Груевски кој го украде половина автопат Миладиновци – Штип, бидејќи додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт автопатот не беше завршен ниту 50 отсто, реагираат од СДСМ.

– Единствениот успех на осудениот криминалец Груевски во инфраструктурата се милиониските провизии што ги договараа со неговата десна рака Миле Јанакиески.

Заради криминалните интереси на фамилијата, заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ оставени беа бројни пропусти кои ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра.

Со надминување на пропустите конечно се изгради автопатот Миладиновци – Штип, а автопатот на провизиите Кичево – Охрид, забрзано се гради.

Криминалецот Груевски нека не се грижи за одржувањето на патиштата, единствениот пат по кој ќе оди кога ќе се врати е патот што води до најблиската казнено-поправна установа, каде го чека неговото столче во ќелија, соопштија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК