23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

После овие податоци секој ден ќе јадете јајца за доручек

И додека многумина избегнуваат јајца, експертите тврдат. Јадете јајца за доручек секој ден.

Јајца = холестерол

Тоа е еднаквоста која најчесто се поставува кога станува збор за оваа намирница. И додека многумина ја избегнуваат, експертите советуваат: Јадете јајца за доручек секој ден.

Против лошо расположение

Јајцата содржат корисна комбинација омега-3 масни киселини, цинк, витамин Б, и јодид, како и хранливи материи кои заедно спречуваат умор и лошо расположение.

Ги негуваат мускулите

Јајцата се еден од најдобрите извори храна, кои изобилуваат со протеини и се нискокалорични. Витаминот Б12 кој го содржат јајцата, помага против мускулни контракции.

Не чуваат од рак

Жените кои во организмот имале повеќе колин, хранлива материја пронајдена во јајцата, имаат 24 отсто помал ризик од заболување од рак на дојка, покажало неодамнешното истражување. Едно јајце ќе обезбеди дури 30 отсто од дневната потреба за колин.

Го хранат мозокот

Колинот е заслужен за подобро памтење. Помага при испуштање ацетилхолин, невротрансмитер кој помага на мозокот.

Го чуваат видот

Јајцата се одличен извор на лутеин и заексантин, антиоксиданси кои спречуваат макуларна дегенерација.