23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Кои спортови се најдобри за слабеење?

Активното занимавање со физичка активност и правилна исхрана, најмногу придонесуваат за здраво слабеење.

Најефикасните вежби за согорување на маснотиите се кардиоваскуларните тренинзи, кои помагаат во обликување на телото, пренесува Смедиа.

1. Трчање

Едноставен, а многу ефикасен начин за слабеење е трчањето. На почетниците им се препорачува да комбинираат спорт и лесно џогирање со кратки спринтеви и брзо одење. Со ваков интервал на тренинг успешно ќе согорите калории.

2.  Возење велосипед

Без оглед на тоа дали користите собен велосипед или го возите надвор, возењето е добар начин за согорување на калории, особено на висорамнини. Со еден час возење согорувате 500 до 1000 калории.

3.  Пешачење

Брзото одење или пешањето, е најлесна физичка активност, која ги обликува нозете, стомакот и колковите. Со одењето по нерамен терен, планини, ридови, ќе согорите повеќе калории. Наместо на работа да патувате со јавен превоз или автомобил, секојдневно пешачење допринесува за подобро здравје.

4.  Скокање

Секој вид вежба која вклучува сокање допринесува за согорување на калории, на пример, прескокнување јаже или скокање на трамболина. Со прескокнување на јаже за еден ден ќе согорите 700 калории, а на трамболина 400.

5.  Танц

Едноставен, интересен и евтин начин за слабеење е токму танцувањето. Доволно е да ја пуштите омилената музичка плеј листа и да играте еден час. На тој начин за еден час ќе согорите 600 до 800 калории.