5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Совршено и едноставно: Направете здрав сладолед од само една состојка

Летните горештини сите љубители на слатки ќе ги натераат да посегнат по сладолед. Но, кога ќе ве фати криза за сладолед не мора секогаш да побрзате до својата омилена слаткарница. Постои поедноставно, поефтино, но и поздраво решение.

Едноставниот сладолед за кој ви пренесуваме рецепт се подготвува од банана, а готов е за миг. Доволно е сладок и кремаст без додавање на млеко и шеќер. За овој десерт потребна ви е само банана. Исецкајте ја на коцки и ставете ја во фрижидер додека не се смрзне. Така замрзната, бананата ставете ја во блендер и гледајте како парчињата стануваат неодолив крем. Сервирајте веднаш, по желба додајте чоколаден прелив и уживајте…

Спонзорирано: