23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За две од осомничените мерки на претпазливост место притвор

Две од десетмината осомничени, кои утринава беа уапсени по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија мерки на претпазливост место притвор. Како што информира обвинителството, во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа искази пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор. Тој му предложил на судот за нив да бидат определени мерки на претпазливост.

Тоа значи дека ќе им бидат одземени патните исправи и имаат забрана за нивно издавање, а определена им е и забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело.​