24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Процесот на гасификација со реализација од 50 проценти

Темпото и реализацијата на капиталните инвестиции предвидени во ресорот на министерството на транспорт и врски покажува одлично ниво на реализација, оценува СДСМ.

Владејачката партија преку соопштение јавува дека заклучно со јуни, проектот за гасификација на државата е со 50 проценти на реализација. Паралелно, додава СДСМ, во моментов се работи на изградба и рехабилитација на 44 патишта во вкупна должина од 550 километри.

„Се инвестира и во проекти од комуналната инфраструктура. Се реализираат 28 проекти за изградба на 187 киломтри комунална мрежа која ќе опслужува околу 225.000 жители. Со 100 процентна реализација е процесот на изградба на социјалните згради. Една од приоритетните мерки со која се води вистинска грижа за најранливите категории преку обезбедување на дом за живеење на територијата на цела држава“, наведе СДСМ во соопштението.

Според владејачката партија, 2019 станува година на економијата и развојот.