Јапонската Јутјуб ѕвезда Ochikeron, авторка на рецептот cheesecake од три состојки, повторно е во центарот на вниманието.
Овој пат благодарение на неверојатната чоколадна торта од само две состојки. Во продолжение пронајдете инструкции за овој едноставен рецепт.
СОСТОЈКИ:
3 јајца, 165 грама чоколадо по избор (млечно или темно)
ПОДГОТОВКА:
Одвојте ги белките и жолчките, а потоа белките ставете ги во фрижидер. Вклучете ја печката на 170 степени Целзиусови. Растопете го чоколадото на пареа. Измиксајте ги белките. Кога чоколадото ќе се олади, додајте ги жолчките. Во смесата додајте една третина од измиксаните белки и измешајте. Полека додајте ги останатите белки. Калапот за торта обложете го со мрсна хартија, ставете ја смесата и печете помеѓу 30 и 40 минути.