2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.

Тој наведува дека со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург, Северна Македонија добила силно и недвосмислено признание за достигнувањата во изминатата година.

„Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто. Исто така, со заклучоците на Советот ни е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година“, вели Заев.

За нас, додава тој, беше клучно оваа одлука да биде донесена оваа година, а овој заклучок токму тоа го потврдува.

„Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи. Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година“, пишува Заев.

Премиерот претходно изјавуваше дека очекува почеток на преговорите во јуни или јули, но Советот денеска не одреди датум. Министерите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија се договорија најдоцна до октомври да се навратат на ова прашање.

Претходно, германската канцеларка, Ангела Меркел, на средба со Заев во Берлин рече дека Бундестагот во септември ќе одобри старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +