24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шекеринска: Половина од членовите на ИО се жени, покажуваме дека знаеме да се менуваме, го почитуваме сопствениот збор даден пред граѓаните

За првпат во историјата во една политичка партија во Извршниот одбор повеќе од половина членови се жени, тоа докажува дека знаеме да го почитуваме сопствениот збор, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема.

– Со изборот на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ во кој повеќе од половина се жени, како партија покажавме дека го почитуваме сопсствените принципи, го почитуваме сопствениот збор. Велиме дека сакаме повеќе жени во политика и тоа го реализираме. За првпат во партијата во највисокиот извршен орган имаме Ромка, која има долгогодишно искуство како граѓанска активистка за ромски прашања. Покажавме дека и како партија на власт знае да се менува, покажавме дека не сме затворени во сопственото партиско јадро, дека сакаме луѓе со знаење, со искуство, истакна Шекеринска.