Centar.mk
фото илустрација/АИ
-МАКЕДОНИЈА

Неколку повредени во тешка сообраќајка на патот Демир Капија – Неготино

На 11.10.2025 околу 23:10 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај место викано „Јела“, патничко возило “хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната И.П. од Куманово, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка В.П.(58) од Куманово и малолетен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди возачот И.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Општа болница Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

Можеби ќе ве интересира

Тројца градежни работници се транспортирани на Ургентен: двајца имаат полесни повреди, еден скршеници

C +

Еден работник загина, тројца се повредени при затрупување на градилиштето во Кисела Вода, МВР со детали

C +

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК