Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со лажни вести за редефинирање Мицкоски сака да предизвика внатрешни поделби

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со месеци лажеа за градење кампови и станови за мигранти, лажеа за наводни федерализации и кантонизации, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за редефинирање на државата и политичкиот систем.

Од владејачката партија сметаат дека ваквите лажни вести сè уште една потврда дека, како што велат, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, односно дека Мицкоски е ист како Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што се против напредокот, против интеграција на државата, со ваквите невистини очајно се обидуваат да го вратат времето на поделби и тензии во кое со години ја држеа државата заробена“, стои во партиската реакција.

Во неа се додава дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не може да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција и единствените што навиваат за неуспех на државата.

Можеби ќе ве интересира

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК

Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

ДЕСК