18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров и Коѕијас разменија твитови по повод една година од преспанскиот договор

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, на својот твитер-профил објави заедничка фотографија со министерот за надворешни работи на нашата земја, Никола Димитров, по повод една година од потпишувањето на преспанскиот договор.

„Една година мој пријателе, Никола Димитров“, пишува Коѕијас во рамките на објавената фотографија.

На оваа порака на „Твитер“ возврати и шефот на македонската дипломатија пишувајќи: „Направивме историја мислејќи на иднината, мој пријателе“.

Пред една година министрите за надворешни работи на Грција и Македонија на брегот на Преспанското Езеро потпишаа договор, со кој се реши речиси триесетгодишниот конфликт за уставното име на нашата земја.

Иако потпишувањето на овој договор предизвика многубројни реакции од грчка и македонска страна, особено кај политичките претставници од десницата, властите во Скопје и Атина цврсто застанаа зад тврдењето дека овој договор ги штити интересите на грчкиот и на македонскиот народ и обезбедува одржлива иднина за двете соседни земји.

Спонзорирано: