23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

Зошто не треба да го чувате млекото на вратата од фрижидерот?

Повеќето луѓе млекото го чуваат на вратата на фрижидерот, иако тоа не е добро.

Стручњаците предупредуваат дека не би требало млечните производи да ги чуваме на вратата, а причината е прилично логична. Имено, температурата не е еднаква во сите делови на фрижидерот, а кај вратата е највисока, па тоа подрачје е најчувствително на промените на температурата.

Заради тоа, најпаметно е млекото да се чува на полиците во средината на фрижидерот.

Кога станува збор за останатите продукти, во фиоките на дното се чува овошје и зеленчук, како и свежите зачини. Првата полица над фиоките е за чување на свежо месо и риба запакувани во фолија. Следната полица е за млечни производи и јајца, а над нив оди готовата храна.

На вратите е најдобро да се чуваат конзервираните продукти.