Во Џебното кино во Младински Културен Центар – Скопје во четврток (20 јуни) ќе се одржи проекција на краткометражните филмови „Одлука“ и „Почетокот“, во режија на Агим Абдула и продукција на Galaktika Pictures.
По проекцијата, Гледај.мк (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) ќе организира дискусија со режисерот Агим Абдула и продуцентот Бунјамин Куртиши.
Во филмот „Одлука“ еден млад човек е приморан да реши дали да стори претходно договорено криминално дело или да спаси нечиј живот, додека пак „Почетокот“ обработува една подлабока тема за тоа дали смртта е крајот или почеток?
Стартот на проекциите е закажан за 19 часот, а влезот за сите заинтересирани е слободен.