24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ова е втор потрес во Охрид – Сеизмолошката излезе со детални податоци

Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје, бил регистриран синоќа во 2:20 часот по полноќ, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ова е втор земјотрес во период од една недела почувствуван во Охридскиот регион. Претходно, во раните утрински часови на 9 јуни беше регистриран земјотрес со епицентар 4 километри западно од Охрид и Рихтерова магнитуда од 2.4.

Синоќешниот потрес бил посилен, со Рихтерова магнитуда од 3.8, а најмногу бил почувствуван во југозападниот дел од Републиката, односно од населението во Охрид и Струга со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Покрај тоа, земјотресот бил почувствуван во Ресен со интензитет од IV-V степени, во Битола, Кичево, Крушево и Дебар со IV степени, во Прилеп со интензитет од III-IV а во Скопје, Гостивар и Тетово со интензитет од III степени.