23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Немате среќа и успех? Еве во што е проблемот

Нашите стари верувале дека одредени работи носат среќа, односно несреќа во домот.

Еве и што:

– Не е добро да градите куќа на истото место каде била старата куќа.

– Во куќата треба да се вселите за време на полна месечина, за куќата секогаш да биде полна.

– Ако огнот гори слабо, доаѓаат врнежливи денови.

– Ако чадот оди кон земјата, ќе има дожд.

– Не е добро да стоите на отворена врата во куќата кога грми.

– Не е добро да седите на куќниот праг.

– Не е добро да оставате ѓубре преку ноќ во домот.

– Ако на некого му испадне залак од уста, тоа е знак дека некој од неговите роднини е гладен.

– Не е добро да седите на ќош/агол на столот.

– Не е добро да оставате леб наопаку.

– Ако дете одеднаш се исплаши, треба да му дадете вода.

– Ако рано на пролет се појават змии, доаѓа убаво време.

– Гнездо на ластовици во куќата носи среќа.

– Кога туѓа мачка или куче пријдат до куќата носат среќа.

– Не е добро да убиете пајак, бидејќи носи среќа.

– Грев е да убиете пчела.

Сепак, ова се само верувања и не ги земајте здраво за готово.